Прејди на содржината

Црква „Св. Богородица“ - Драгобраште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Богородица
македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоКочанско
Местоположба

Карта

Координати41°53′52″N 22°35′55″E / 41.89778°N 22.59861°E / 41.89778; 22.59861
МестоДрагобраште
ОпштинаВиница
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителБогородица Марија
Завршено1883
Осветување1883
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабна базилика
Стилпреродбенички

Св. Богородица (или Успение па Пресв. Богородица) — православна црква во виничкото село Драгобраште, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кочанското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е изградена и осветена во 1883 г.[1] Се наоѓа во Чукарлиското Маало и претставува трикорабна базилика со рамни дрвени тавани, изработени од месни мајстори. Вкопана прилично длабоко во земјата, така што од јужната страна во самата црква водат пет скалила. На еден аголен камен, вѕидан во фасадата на црквата се испишани имињата на ктиторите: „1883 ЛЕТО ТИТОРI АТАNАС СОКОЛ АNГЕЛ ПА (ПА?) КОСТАДИ“. На иконостасот во црквата има 58 икони, работени претежно кон крајот на XIX век. Голем дел од нив не се досликани, но неколку од нив се дело на познатиот мијачки иконописец Андон Петров од Гари.[1]

Во оваа црква се одбележува селската слава Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 „Цркви и манастири“. Музеј на град Виница. Архивирано од изворникот на 2014-04-13. Посетено на 1 декември 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]