Црква „Св. Богородица“ - Бојанчиште
Света Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
| Парохија | Ваташка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°15′32″N 22°1′27″E / 41.25889°N 22.02417°E |
| Место | Бојанчиште |
| Општина | Кавадарци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Изградба | XIX век |
| Живопис | 1865 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Света Богородица — главна селска црква во селото Бојанчиште.[1][2]
Црквата е сместена на височинка на излезот од селото. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е подигната во текот на XIX век, а била фрескоживописана во 1865 година. Ова го пишува во натписот над западната страна од гредата меѓу наосот и припратата. Натписот гласи:[2]
„1865 месец маја на ден 12 мајстор Спасе од Деборската каза и Доне брат Негров од село Гари“
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е еднокорабна со изведена рамна дрвена таваница. Има изграден трем од јужната и западната страна.[2][3]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата е фрескоживописана од зографите Спасе и Доне, брат Негров од селото Гари - Дебарска каза. Состојбата на фрескоживописот е во состојба на распаѓање, а самата црква дава изглед на запуштен објект.[2][3]
Фреските од првата зона се во цел раст и се насликани високо над седиштата. Втората зона ја исполнуваат повеќе сцени и композиции од животот на Исус Христос.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта во црковниот двор
- Главниот влез во црквата
- Припратата на црквата
- Малото ѕвоно пред црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 4 февруари 2018.
- 1 2 3 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Посетено на 4 февруари 2018.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Богородица“ - Бојанчиште на Ризницата ?


