Црква „Св. Бессребреници“ - Богатско
| Свети Бессребреници | |
|---|---|
| Αγίων Αναργύρων | |
Проскинитарната икона „Свети Никола“ | |
![]() | |
| 40°24′37.0″N 21°22′49.8″E / 40.410278°N 21.380500°E | |
| Место | Богатско, Костурско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Завршена | XVIII век |
| Управа | |
| Епархија | Шишанско-сачишка |
Свети Бессребреници Кузман, Пантелејмон и Дамјан (грчки: Αγίων Αναργύρων) — црква во селото Богатско, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата се наоѓа на јужниот крај на селото и претставува гробишен храм. Сместена е до храмот „Св. Апостоли“, една од двете парохиски цркви на Богатско. Изградена е во XVIII век. Градбата е мала камена базилика. Иконостасот е прост, со три големи престолни икони, царски двери и неколку апостолски икони. На царските двери е претставено Благовештението и пророците Давид и Соломон. Десно од дверите е иконата на Исус Христос Голем Архијереј седнат на владички престол и благословува со десната рака, а во левата држи отворено евангелие. Во долниот дел иконата е потпишана „δια χειρός Αναγνώστου Ανασιλτσιώτου“. Од другата страна на дверите е иконата на Богородица Неовенлив цвет, седната на престол и облечена во сина камизола и жолт мафорион со жезол и две отворени книги. Лево го држи Исус кој благословува со десната рака, а од обете страни има ангели со свитоци со химни. Во долниот десен агол иконата има натпис „δέησις τοις δούλοις του Θεού /....νας και των τέκνων / αυτής εις Μνημόσυνον αυτών / έτει χιλιοστώ οκτακοσιοστώ τεσαρακοστώ πέμπτου / χειρ Αδάμ Αναγνώστου...“ До иконата на Христос е иконата на Светите Бессребреници Кузман, Пантелејмон и Дамјан. Тројцата светци-лекари се раскошно облечени, и секој од нив држи медицинска кутија и пинцета. Во долниот дел на претставата има нечитлив дарителски натпис. Апостолските икони се 13 од различни времиња. Десниот проскинитар е посветен на Свети Никола и има впечатлива стара икона, а другият е посветен на Свети Пантелејмон, чија икона е понова.[1]
Икони
[уреди | уреди извор]- Царската икона „Богородица Неовенлив цвет“, Адам Анагност, 1845 г.
- Царските двери со Благовештението
- Царската икона „Исус Христос Голем Архијереј“, Анагност Анасилиот
- Царската икона „Свети Кузман, Пантелејмон и Дамјан“
- Мала икона „Свети Пантелејмон“
- Апостолска икона „Свети Тома“
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Ο ναός των Αγίων Αναργύρων στο Βογατσικό“. Φως της Καστοριάς. 24 август 2018. Посетено на 10 септември 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Бессребреници“ - Богатско на Ризницата ?
