Црква „Св. Ахил“ - Жупан
Свети Ахил | |
---|---|
Αγιος Αχίλλειος | |
Фреска од црквата со претстава на Александар Македонски | |
40°11′51.73″N 21°8′27.86″E / 40.1977028° СГШ; 21.1410722° ИГД | |
Место | Жупан, Населичко |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | 1742 |
Управа | |
Епархија | Шишанско-сачишка |
Свети Ахил (грчки: Αγιος Αχίλλειος Πενταλόφου) — црква во селото Жупан, Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е изградена во 1742 г. и е најстарата преостаната градба во селото. Сместена е на неговиот северен крај. Живописана е во 1774 г. со прекрасни фрески од зографите Константин Михаил и Михаил Михаил од епирското село Кионат. На запад има нартекс со два влеза. Забележителна е сцената на Страшниот суд во нартексот, на која се претставени царевите Александар Македонски, Кир Велики, Пор и Дариј III; истите ликови се претставени и на фреските во „Св. Ѓорѓи“ (XVI век) во Бањане, Скопско. Живописот се истакнува по своите бои и чувствителност. Од царските икони најстари се оние на Христос Седржител, Свети Димитриј и Свети Спиридон, изработени во 1767 г. Иконостасот од оревово дрво важи за ремек-дело на копаничарството. На него се претставени сцени од Стариот и Новиот завет. Техниката на мајсторите покажува силно влијание на западниот барок.[1]
Со уникатната архитектура и фрески, во 1970 г. храмот е прогласен за споменик на културата од национално значење.[2][3]
Фрески
[уреди | уреди извор]-
Надвлезна вреска на Свети Ахил
-
Фреска на Свети Ахил
-
Ктиторскиот натпис со името на митрополитот Кирил Шишански
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Ναός Aγίου Αχιλλείου, Πεντάλοφος Κοζάνης“. Greek Orthodox Religious Tourism. Посетено на 23 октомври 2016.
- ↑ „Εκκλησίες Κοζάνης“. Δυτική Μακεδονία: Μνημεία, παράδοση, εκδρομές, δραστηριότητες. Архивирано од изворникот на 2018-02-18. Посетено на 17 февруари 2018.
- ↑ „ΥΑ 2694/12-9-1970 - ΦΕΚ 666/Β/23-9-1970“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-18. Посетено на 20 јули 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Ахил“ - Жупан на Ризницата ?