Прејди на содржината

Црква „Св. Атанасиј“ - Страгово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј
македонска православна црква
ЕпархијаПовардарска
Архијерејско намесништвоКавадаречко
ПарохијаВаташка
Местоположба

Карта

Координати41°19′13″N 22°06′29″E / 41.32028°N 22.10806°E / 41.32028; 22.10806
МестоСтрагово
ОпштинаКавадарци
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителАтанасиј Александриски
ИзградбаXIX век
Архитектонски опис

Св. Атанасијправославна црква во кавадаречко село Страгово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е изградена и живописана во XIX век, но нема поточни податоци за нејзино датирање. Претставува трикорабен храм со голема олтарна апсида на источната страна. Во внатрешноста сводовите се покриени со дрвени тавани.

Во првото подрачје на ѕидовите се претставени Свети Атанасиј, Свети Харалампиј, композицијата „Страшниот суд“ (Второто пришествие). Во второто подрачје на јужниот ѕид се „Жртва Аврамова“ и пророкот Даниил. На северната страна во првото подрачје се Свети Игнатиј, Свети Трифун, Свети Пантелејмон, Свети Кузман и Дамјан, Светите браќа Кирил и Методиј, а меѓу нив е Исус Христос. Потоа следат Свети Нестор, Свети Теодор Тирон и Свети Мина. На западниот ѕид се претставени Света Марија Египетска и Свети Зосим, Света Катерина, Света Недела и Света Петка. Во главниот кораб на јужната страна има тројца светци во медалјони, а на северната се Апостол Лука, Соломон и Апостол Матеј.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Св. Атанасиј с. Страгово“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 21 мај 2016.[мртва врска]