Црква „Св. Атанасиј“ - Сер
Свети Атанасиј | |
---|---|
Αγίου Αθανασίου | |
41°4′44″N 23°33′42″E / 41.07889° СГШ; 23.56167° ИГД | |
Место | Сер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Изградба | 1992 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Свети Атанасиј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Црквата е изградена во 1992 г. на улицата „Сарандапорос“ бр. 44 во маалото Свети Атанасиј. Подигната е на местото на помал параклис од 1940 г. Градбата претставува трикорабна базилика со купола, која на исток завршува со стројна апсида. Храмот е живописан, а иконостасот е резбан. Осветен е на 3 октомври 1999 г. од митрополитот Максим Серско-нигритски. Сè до 18 октомври 2004 г. бил дел од парохијата „Св. 40 Маченици“.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 12 декември 2017.