Црква „Св. Атанасиј“ - Рамне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Атанасиј
Црква „Св. Атанасиј“ - Рамне.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Петта охридска
Местоположба
Координати 41°6′58″N 20°50′24.5″E / 41.11611° N; 20.840139° E / 41.11611; 20.840139Координати: 41°6′58″N 20°50′24.5″E / 41.11611° N; 20.840139° E / 41.11611; 20.840139
Населено место Рамне
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба 1967
Завршено 2000
Зограф Марјан Ристески
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна
Портал „МПЦ“

Свети Атанасиј — главна манастирска црква на Рамненскиот манастир во охридското село Рамне.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена под самото село Рамне во подножјето на Рамненски Лозја.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена на темели од постара црква, некаде во периодот од 1967-2000 година. Според натписот била изградена со помош на селаните, а мајстор бил Симон Ристески.[3]

При самото копање на темелите за новата црква биле откриени темелите на постарата црква. Во непосредна близина на црквата има остатоци на основа на ѕид од 0,80 метри, што најверојатно припаѓал на постарата црква.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е еднокорабна, градена од обработен камен.[3] Денес, истата е фугирана со полукружна апсида на источната страна. Црквата привлекува внимание бидејќи големината на апсидата е скоро идентична со целокупниот простор на наосот во црквата.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Фрескоживописот во црквата бил изработен од страна на Марјан Ристески од селото Велгошти.[3]

Други објекти[уреди | уреди извор]

Во внатрешноста на црквата има извор на лековита вода, а од нејзината југоисточна страна се наоѓа трпезарија.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 "СВЕТИ МЕСТА ВО ОХРИДСКО: Псалтир од село Рамне денес е реликвија во Болоња во Италија". Denesen.mk. Посетено на 2019-12-11.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 "Дебарско-кичевска епархија - Намесништва". www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]