Црква „Св. Атанасиј“ - Перово
Изглед
Свети Атанасиј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Ресенско |
| Парохија | Втора ресенска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°00′45″N 20°59′40″E / 41.01250°N 20.99444°E |
| Место | Перово |
| Општина | Ресен |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Атанасиј |
| Изградба | 1867 |
| Архитектонски опис | |
Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Долно Перово, Општина Ресен, Македонија.[1]
Во кругот на селската црква се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа на крајот од селото, околу 300 метри југоисточно од последните куќи, сместена на устието на Дрменска Река.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била подигната во 1867 година, што може да се забележи и од изделканиот камен на црквата, вграден во западниот дел на црквата.[2]
Во периодот помеѓу 1990 и 1993 година е обновен плафонот на црквата, променет покривот на тремот и изградена камбанаријата.[2]
Икони
[уреди | уреди извор]Збирката икони од оваа црква е прогласена за движно културно наследство на Македонија.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Влез во црквата
- Детаљ за годината на изградба
- Селските гробишта
- Камбанаријата на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 235. ISBN 9789989920554. Посетено на 14 февруари 2019.
- ↑ Регистрирани движни добра (PDF). Управа за заштита на културното наследство. 2023. стр. 17.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Перово на Ризницата ?


