Црква „Св. Атанасиј“ - Пателе

Координати: 40°43′35.2″N 21°44′53.4″E / 40.726444° СГШ; 21.748167° ИГД / 40.726444; 21.748167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Карта
40°43′35.2″N 21°44′53.4″E / 40.726444° СГШ; 21.748167° ИГД / 40.726444; 21.748167
МестоПателе, Леринско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Управа
Архијерејско намесништвоСуровичевско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Свети Атанасиј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου) — парохиска црква во селото Пателе, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е изградена на местото на постар храм. Во неа се зачувани 13 вредни икони од XVIII и XIX век и едни царски двери.[1]

Кон црквата има парохиски центар во кој се собрани вредни икони, старопечатни книги и други црковни предмети од старите (подоцна обновени) храмови на селото — „Св. Петка“, „Св. Дух“, „Св. Пантелејмон“ и „Св. Атанасиј“. Во црквата има 118 икони, три распетија и едни царски двери. Најголемиот дел од нив датира од XIX век, од кои 20 од почетокот на векот и 26 од крајот. Има пет икони од 1789 г. и 16 од 1674 г. — дело на тројца различни зографи. Во оваа група спаѓаат и распетијата на и царските двери. Икони во слична техника и стил има во селата Катраница и Трепишта, Кајларско.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 577. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.