Црква „Св. Атанасиј“ - Оризари
- За истоимената црква во Оризари, Скопје, погледнете Црква „Св. Атанасиј“ - Ѓорче Петров.
![]() ![]() Свети Атанасиј
| |
![]() Поглед на црквата во 2023 година | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Оризарска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°55′19″N 22°26′48″E / 41.92194°N 22.44667°E |
Место | Оризари |
Општина | Кочани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Изградба | XIX век |
Завршено | 1842 |
Осветување | 1848 август 2014 |
Архитектонски опис |
Свети Атанасиј (или Свети Атанасиј Велики) — главна селска црква во кочанското село Оризари, Македонија.[1]
Црквата претставува парохиско седиште на Оризарската парохија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во средиштето на денешното Оризари, на една издигнатина, покрај левата страна на Оризарска Река. Во минатото, црквата припаѓала на некогашното Долно Оризари.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена некаде кон средината на XIX век и осветена на 24 април 1848 година. Истражувачот Јован Трифуноски ја наведува годината 1842 година како година кога била подигната. Претходно на истото место се наоѓала помала „изгорена црква“.[2]
Подоцна е делумно разрушена од Османлиите и обновена во 1876 година.[3]
Поради внатрешните обновувања и новиот фрескоживопис, црквата била преосветена од страна на митрополитот Иларион Брегалнички во август 2014 година.[4] Во тој период, поплочен бил дворот. Бил обновен потпорниот ѕид и хортикултурно уреден бил дворот.[5]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Во 2005 година, внатрешноста била обновена.[6][7]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Храмот не бил живописан,[3] сѐ до 2013 година кога било направено фрескосликањето на страничниот дел од внатрешноста на црквата[5] и тогаш била обновена и фасадата.[6][7]
Иконостас и икони
[уреди | уреди извор]Иконостасот е висок, со три реда икони, изграден веројатно во 1875-76 година. Во царскиот ред се поставени десет икони (од југ кон север): Свети Ѓорѓи, Архангел Михаил, Свети Јован Крстител, Исус Христос Седржител, Богородица Елеуса, Свети Атанасиј Александриски, Свети Димитрија, Свети Харалампиј и Свети Никола. На иконите нема потпис на иконописецот, но годината 1850 е напишана на иконите на Св. Харалампиј и Св. Никола. Се претпоставува дека се изработени од Димитар Зограф од Самоков заради стилските особености. Горните два реда икони и царските двери се дело на Никола Михајлов од Крушево.[8] Негово дело е и големиот надиконостасен крст со распетието.[9] Автор на иконите на северната и јужната врата на иконостасот е Исаија Фрчковски, кој ги изработил во 1875-76 година, при обновувањето на црквата.[8]
Иконите се изработени во 1875 година од зографот Исаија Макриев Фрчковски од Галичник и непознати автори.[3]
Од 55. икони колку што има во црквата, 17 се наоѓаат во Регистарот на икони кои имаат заштитен статус.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезната врата
-
Влезната порта
-
Ниша на портата
-
Ниша на портата
-
Спореден влез
-
Натписна плоча
-
Спореден влез
-
Апсидата
-
Вдлабнатина
-
Камбанаријата
-
Предната страна
-
Издигнатината и црквата
-
Камбанаријата и скалите до црквата
-
Западната страна на црквата
-
Камбанаријата
-
Поглед од југозапад
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 103. OCLC 16745284.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Оризарска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-28. Посетено на 1 декември 2021.
- ↑ „Нов фрескопис во црквата „Св.Атанасиј" во Оризари, Кочанско“. a1on.mk. 25 август 2014. Архивирано од изворникот 2023-09-19. Посетено на 19 септември 2023.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Продолжува обновата на црквата „Свети Атанасиј" во населбата Оризари, кочанско“. religija.mk. 18 август 2016. Архивирано од изворникот 2021-12-08. Посетено на 19 септември 2023.
- ↑ 6,0 6,1 Поп Тоше Манев, Бошко Цветановски. (1 август 2014). По целосното реновирање, црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари ќе биде преосветена. Кочани: TVKanal8. https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=sscFcclepY4&embeds_euri=http%3A%2F%2Fkanal8.mk%2F&feature=emb_imp_woyt.
- ↑ 7,0 7,1 Марјан Иванов. (27 ноември 2014). Ќе се уредува и надворешноста на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари. Кочани: TVKanal8. https://www.youtube.com/watch?v=etkYYHlI0iI.
- ↑ 8,0 8,1 Проблеми на изкуството, томове 37–38. БАН. 2004. стр. 49.
- ↑ Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење. Кочани: Општина Кочани. стр. 32.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Атанасиј“ - Оризари на Ризницата ?