Црква „Св. Атанасиј“ - Омур Беј
Изглед
| Свети Атанасиј | |
|---|---|
| Αγίου Αθανασίου | |
![]() | |
| 40°51′18.3″N 23°40′36.2″E / 40.855083°N 23.676722°E | |
| Место | Омур Беј, Нигритско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Завршена | 1955 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Нигритско |
| Епархија | Серско-нигритска |
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Омур Беј, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Црквата е гробишен храм, сместен на северниот крај на селото. Изградена е во 1955 г. и осветена од митрополитот Константин Серско-нигритски во 1965 година. Градбата претставува крстовиден храм без купола и подоцна додадена припрата.
Во парохијата влегуваат и црквите „Рождество на пресв. Богородица“ од XVIII век и „Св. Атанасиј“, сместени на местото на старото село Омур Беј на Богданска Планина.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 26 октомври 2019.
