Црква „Св. Атанасиј“ - Нов Истевник
Свети Атанасиј | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Делчевско |
| Парохија | Тработивишка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°51′55.1″N 22°50′20.5″E / 41.865306°N 22.839028°E |
| Место | Нов Истевник |
| Општина | Делчево |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Атанасиј Александриски |
| Завршено | 1936 |
| Изгорена | 2021 |
| Архитектонски опис | |
Свети Атанасиј или Свети Атанас — уништена црква во селото Нов Истевник.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на околу 1 км североисточно од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Храмот бил изграден во 1936 година. Иконите биле изработени во XX век и се дело на истакнатиот зограф Гаврил Атанасов. Црквата не била живописана.[2]
Црквата наполно изгорела во август 2021 година за време на големиот стихиен пожар во селото.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата имала правоаголна основа со апсида на источната страна. Главниот влез бил сместен на западната страна, а храмот имал спореден влез на јужната страна до којашто била прилепена трпезаријата.
Во дворот на црквата биле сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига јужно од црквата, во непосредна близина на трпезаријата. Таа има квадратна основа со влез на источната страна и по еден голем правоаголен отвор на секоја од четирите страни. Покриена е со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Изгорената црква (десно) со трпезаријата (лево)
- Внатрешноста на црквата
- Камбанаријата
- Трпезаријата
- Селските гробишта
- Воздушен поглед на остатоците од црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 31. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Тработивишка парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 27 март 2014. Посетено на 1 декември 2021.
- ↑ „Изгоре црквата „Св. Атанасиј Михаил' во селото Нов Истевник“. Република. 9 август 2021. Архивирано од изворникот на 30 ноември 2021. Посетено на 1 декември 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Нов Истевник на Ризницата ?


