Црква „Св. Атанасиј“ - Неред
| Свети Атанасиј | |
|---|---|
| Αγίου Αθανασίου | |
![]() | |
| 40°43′6.9″N 21°22′2.7″E / 40.718583°N 21.367417°E | |
| Место | Неред, Леринско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Изградба | 1740 – 1760 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Леринско |
| Епархија | Леринско-преспанско-еордејска |
Свети Атанасиј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Неред, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е гробишен храм изграден во северниот дел на селото.[1] На почетокот на XX век заедно со „Св. Никола“ била во рацете на грчката пропаганда, но во едната од нив службите наизменично се одвивале на грчки и на македонски. Ова траело сè до изградбата на црквата „Св. Лука“ по нарачка на Бугарската егзархија.[2]
Храмот е направен од камен, вкопан 1 м во земја. Има резби на таванот, амвонот и иконостасот со икони од 1845 г. Покривот бил со камени плочи, денес заменет со ќерамиди. Камениот под е зачуван во нартексот. Камбанаријата на неколку метри од црквата е непроменета.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Πολυποτάμος. Ανάδρομη αφήγηση για την ενορία“. Kparlapani. 1 февруари 2010. Посетено на 1 октомври 2017.
- ↑ Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 198.
