Црква „Св. Атанасиј“ - Криводол
Изглед
Свети Атанасиј | |
---|---|
Αγίου Αθανασίου | |
![]() | |
41°7′9.0″N 23°54′58.9″E / 41.119167°N 23.916361°E | |
Место | Криводол, Драмско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1835 |
Управа | |
Епархија | Зихненско-неврокопска |
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου Καλλιθέας) — црква во селото Криводол, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1835 г. според малата плоча на јужниот ѕид до југоисточниот агол. Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, женска црква и трем на западната и дел од јужната страна. Женската црква има облик на буквата П и има свој влез од север. Во 1869 г. е изградена самостојна камбанарија. Во црковниот двор е старото училиште, изградено во 1866 г. според кажувања на жителите.[1]
Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била потчинета на Патријаршијата.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 14 ноември 2014.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 2.