Црква „Св. Атанасиј“ - Локвени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Прва кривогаштанска
Местоположба

Карта

Координати 41°24′15″N 21°17′36″E / 41.40417° СГШ; 21.29333° ИГД / 41.40417; 21.29333Координати: 41°24′15″N 21°17′36″E / 41.40417° СГШ; 21.29333° ИГД / 41.40417; 21.29333
Место Локвени
Општина Долнени
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј
Изградба 1627/2012
Завршено 1627/2016
Архитектонски опис

Свети Атанасиј — главна манастирска црква на средновековниот Житошки манастир помеѓу прилепските села Локвени и Житоше, Македонија.[1]

Црквата се наоѓа во атарот на селото Локвени, сместена над него. Историски, црквата била подигната и припаѓала на некогашното христијанско село Долно Житоше.

Црквата е прогласена за споменик на културата.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа над селото Локвени, а до нејзе се пристапува по лош земјен пат.

Црквата се наоѓа над селото Локвени, на самата граница на атарот со соседното Житоше. Црквата е изградена во месноста Манастириште, кое некогаш припаѓало на селото Долно Житоше (денес дел од Житоше).[2]

Историја[уреди | уреди извор]

За црквата и самиот манастир се верува дека е средновековен. Од ктиторскиот натпис се дознава дека била подигната во 1627 година.[3]

Во 1890-тите години, свештеникот во црквата бил обесен од страна на житошките Арбанаси.[2]

Во 1950-тите години, црквата и манастирот биле без земја, напуштени и полуразрушени.[2] Со текот на времето, црквата целосна се разурнала.[3]

Црквата започнала да се гради повторно во 2012 година и нејзината изградба завршила во 2016 година.[4]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата поседувала фрескоживопис кој бил насликан во 1627 година. Истиот бил пренесен во крушевската црква „Св. Троица“.[3]

Сликарството било суво и без моделација, фигурите биле издолжени, а колоритот бил згаснат.[3]

По возобновувањето на црквата, во 2016 година се вршени и уредување на внатрешноста на црквата.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Свети Ахил"“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1319. Text "series " ignored (help)
  4. 4,0 4,1 Макфакс++ (2016-08-06). „Поставени темели на новиот конак на манастирот во Локвени“. МАКФАКС. Посетено на 2022-01-03.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]