Црква „Св. Атанасиј“ - Довишта

Координати: 41°5′4.3″N 23°42′38.7″E / 41.084528° СГШ; 23.710750° ИГД / 41.084528; 23.710750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Карта
41°5′4.3″N 23°42′38.7″E / 41.084528° СГШ; 23.710750° ИГД / 41.084528; 23.710750
МестоДовишта, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архитект(и)Андреја
Архит. типкрстокуполна базилика
Завршена1805
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Довишта, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е парохиски храм на селото.[1][2] Завршена е на 1 септември 1805 г. за време на митрополитот Константин Серски, за што сведочи натписот на надвратната мермерна плоча. Нејзин архитект е мајсторот Андреја од Костур, кој ја изградил и црквата „Св. Петка“ во Везник. Подигната е на местото на постара црква со исто име. Во музејот на црквата има вредни икони од 1760 г. наваму.[2]

Градбата претставува трикорабна крстовидна базилика со купола. Подоцна е живописана.[1] Храмот има вреден иконостас со резбани сцени од Стариот и Новиот завет.[1][2] Иконостасот е дело на дебарскиот мајстор Кузман Дебарски (Козма Дебрели). Неговата изработка веројатно почнала со изградбата на црквата, но месното предание вели дека е направен во 1817 г. Во ореолот на светците пишува 1843, кој се однесува на нивното посребрување. Во горниот ред на иконостасот има икони од 1810 г. некои понови од 1860 г. Кузман е убиен во Довишта и погребан во селото; на мермерен крст во црковниот музеј се чита неговото име и годината 1840.[2]

Во 1900 г. е подигната четирикатна камбанарија.[2]

Во парохијата на храмот влегуваат и црквите „Св. Димитриј“ (1864), „Св. Христофор“ (1912), „Св. Ѓорѓи“ (1928), „Живоносен Извор“ и „Св. Троица“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 31 октомври 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Βοζιάνη, Γεωργίου. „Ο ιερός ναός του Αγίου Αθανασίου“. Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот на 2018-03-19. Посетено на 31 декември 2017.