Црква „Св. Архангел Михаил“ - Могила
Свети Архангел Михаил | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Могилска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°06′31.7″N 21°22′43.9″E / 41.108806°N 21.378861°E |
| Место | Могила |
| Општина | Могила |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Архитектонски опис | |
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во селото Могила.[1] Црквата се наоѓа во непосредна близина на сретселото. Во октомври 2013 година моштите на Димче Могилчето биле пренесени во оваа црква.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна на црквата е доградена припрата. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има мозаик на кој е прикажан Архангел Михаил, а споредниот влез се наоѓа на јужната страна и над него има празна ниша. Храмот во целост е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда, а во неа се сместени камбанаријата, селските гробишта, како и помошен објект. Камбанаријата е сместена на завршетокот од помошниот објект, непосредно на левата страна од влезната порта од дворот на црквата. Таа има квадратна основа во долниот и и осумаголна во годниот дел, каде што на секоја од осумте страни има по една монофора.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Западната страна
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 13. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Пренесени моштите на Димче Могилчето во Могила“. Јутјуб. Посетено на 14 јули 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Архангел Михаил“ - Могила на Ризницата ?


