Црква „Св. Архангел Михаил“ - Крушевица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата и камбанаријата над влезната порта во дворот

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Прилепечко-витолишка
Местоположба

Карта

Место Крушевица
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Архангел Михаил
Изградба 1830 г., XIX век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна црква

Свети Архангел Михаил — црква која се наоѓа во мариовското прилепско село Крушевица. Според кажување на мештаните црквата е изградена во триесеттите години на XIX век, а обновена е во 1931 година. Според градбата претставува еднокорабна црква со полукружна апсида и галерија на кат. Изградена е од делкан камен со доста голема височина, налик на сите селски цркви во областа Мариово. Во внатрешноста на црквата се наоѓа дел од античко мермерно столбче кое можеби потекнува од блискиот антички град Пелагон на врвот Висока над селото, а во дворот на црквата има делумно разрушена римска меремерна надгробна плоча - стела со релјеф на жена и дете. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта, каде по пренесувањето на коските се наоѓа и гробот на познатиот мариовски војвода Толе Паша - Стојан Кулески, кој е роден во ова село, а во чија чест во црквата на почетокот на март се одржува свечена манифестација. Во чест на патрониот светец на црквата, како селска слава на селото се прославува Арангеловден.

Наводи[уреди | уреди извор]