Прејди на содржината

Црква „Св. Архангел Михаил“ - Виница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Архангел Михаил

Градската црква во Виница

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоКочанско
ПарохијаВиничка
Местоположба

Карта

МестоВиница
ОпштинаВиница
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Архангел Михаил
Изградбанепознато, 1850
Осветување1973 од Митрополит Злетовско-струмички Наум
ЖивописXX век
ЗографЦветков Венко
ВодствоПротоереј Бранко Богданов
Архитектонски опис

„Свети Архангел Михаил“православен храм во градот Виница, Источна Македонија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата е една од поголемите цркви во Виничко и се наоѓа во центарот на градот Виница. Црквата е посветена на Св.Архангел Михаил. Изградена е во 1850 год. за што сведочи мермерната плоча со натпис над влезната врата, во која се споменува годината на ѕидањето, 1850, султанот Меџид Абдула и археопископот Климент. Не е утврдено дали црквата е градена тогаш или само обновена. Во 1970 год. е срушена и на истото место во 1973 год. е изградена поголема трикорабна базилика со полукружна апсида одвнатре и седмострана однадвор. Направена е од кршен камен и малтер и со дрвен рамен таван. Со новите доградувања црквата добила нагласена издолжена форма.[1][2]

Фрескоживописана е во 20 век од страна на ликовниот уметник Цветков Венко од Штип. Над западниот влез е украсена со мозаик на кој е прикажан Св. Архангел Михаил. Црквата има регистрирано 96 икони, од кои 69 се на дрвениот иконостас изработени во 19 век. Две икони се датирани. “Св. Теодор Тирон” од 1890 г. , и “Св. Богородица со Христос” од 1899 г. Иконата на кој е претставен Св. Пантелејмон од 1890 г. е реставрирана во 1917 г.[1][2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Црквата својот патрон го прославува на 21 Ноември на денот на Св. Архангел Михаил. Светител на тие простори бил почитуван уште во ранохристијанскиот период и на кој е посветена теракотна икона Св. Архангел Михаил. Црквата располага со сопствена библиотека.[1][2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 „Музеј Теракота Виница“. Архивирано од изворникот на 2012-07-18. Посетено на 2011-10-31.
  2. 1 2 3 „Брегалничка епархија“. Архивирано од изворникот на 2013-02-28. Посетено на 2013-02-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]