Црква „Св. Архангел Михаил“ - Автокоманда
Свети Архангел Михаил | |
Поглед кон црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Скопска |
| Архијерејско намесништво | Северноскопско |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Автокоманда, Скопје |
| Општина | Гази Баба |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Изградба | 1927 (сегашен објект) |
| Завршено | 1932 |
| Осветување | 1933 |
| Живопис | 1933 |
| Ктитор | Александар Караѓорѓевиќ |
| Мрежно место | Официјално мрежно место |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Свети Архангел Михаил кај народот позната и по првобитното српско име Храм Славе — македонски православен храм во Автокоманда, Скопје.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Сегашната црква била подигната на темелите на постара црква во 1927 година. Во 2006 година е реновиран надворешниот дел на црквата. Карактеристичен за оваа црква е мермерниот иконостас, кој бил поставен уште кога се градела црквата. Таков иконостас, кој е многу скап и тежок за обработка, многу ретко се наоѓа во македонските цркви. Специфичен е и релјефот на “Св. Архангел” поставен на надворешниот горен дел, веднаш над влезната врата во црквата. Во составот на црквата се наоѓа и црковниот параклис “Покров на Пресвета Богородица”, каде извира, според верувањата, света и чудотворна вода. Изградена е во средината на XVIII век. Во 1995 година била изградена и осветена мала црковна крстилница посветена на “Светите бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан”. Во склопот на црквата се наоѓаат и англиските воени гробишта од Првата светска војна.

Поврзано
[уреди | уреди извор]- Автокоманда
- Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Автокоманда - црква параклис во дворот на црквата „Св. Архангел Михаил“;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Св. Архангел Михаил - н. Автокоманда“. Скопска епархија. 29 март 2010. Архивирано од изворникот на 2011-12-22. Посетено на 2012-03-26.
| Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| „Црква „Св. Архангел Михаил“ - Автокоманда“ на Ризницата ? |


