Црква „Св. Архангели“ - Кучос

Координати: 40°51′36″N 23°46′17″E / 40.86000° СГШ; 23.77139° ИГД / 40.86000; 23.77139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Архангели
Παμμεγίστων Ταξιαρχῶν
Карта
40°51′36″N 23°46′17″E / 40.86000° СГШ; 23.77139° ИГД / 40.86000; 23.77139
МестоКучос, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1804
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Архангели или Свети Архангел Михаил (грчки: Παμμεγίστων Ταξιαρχῶν, Ταξιάρχη Μιχαήλ) — црква во селото Кучос, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Црквата е гробишен храм, сместен на јужниот крај на селото. Изграден е во 1804 г. Претставува трикорабна базилика со двоводен покрив. Во 1972 г. храмот е обновен, а во 2000 г. е живописан.[1]

Во парохијата влегува и црквата „Св. Ѓорѓи“ од 1826 г.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Παμμεγίστων Ταξιαρχῶν“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 31 октомври 2014.