Црква „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Скопје

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Апостоли Петар и Павле
Sv.Petar i Pavle-Gjorce Petrov.jpg

Црквата „Свети Апостоли Петар и Павле“ во населбата Ѓорче Петров во Скопје

Македонска православна црква
Епархија Скопска
Архиерејско намесништво Северно скопско
Парохија Ѓорчепетровска
Местоположба
Населено место Скопје
Општина Ѓорче Петров
Држава Македонија
Општи информации
Покровител Свети Апостол Петар, Свети Апостол Павле
Изградба 1974 година
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Црквата Свети Апостоли Петар и Павле е македонски православен христијански црковен храм во населбата Ѓорче Петров во Скопје[1]. Храмот се наоѓа на крајот на самиот парк, веднаш до амбулантата, противпожарната служба и крстосницата која води кон населбата Даме Груев (Геге) и Волково. Црквата доминира со својата импозантна големина. Фасадата обложена со кршен камен е направена во поново време (2002 година) од мајстори Македонци од Пустец во Мала Преспа. Над влезната врата стои македонското 16-зрачно сонце од Кутлеш. Храмот “Св.Апостоли Петар и Павле”, што се наоѓа во населбата Ѓорче Петров, како соборен храм на верници од Општина Ѓорче Петров и на дел од Општина Карпош (Влае). Овој храм е првично изграден и осветен летото 1974 година на храмовиот празник - Петровден. Но заради лошата изведба и несоодветниот изглед, се јави потреба за негово реконструирање. Конечно во летото 2002 година Храмот беше реконструиран. Новиот изглед на грамот е со византиско-старомакедонски стил, со фасада изработена од камен и со нови 4 куполи. Сегашниот изглед на храмот “Св.Апостоли Петар и Павле” - Ѓорче Петров е уште еден бисер во македонската духовна архитектура.

Наводи[уреди]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). „Карта на верски објекти во Македонија“. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.