Прејди на содржината

Новоселски манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Новоселски манастир
Воздушен поглед на манастирот
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Антониј“ - Ново Село
Други имињаМанастир „Св. Антониј и Св. Ѓорѓи“ - Ново Село
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1995
Посветен наСвети Антониј
ЕпархијаСтрумичка
Цркви„Св. Ѓорѓи“
Личности
Место
МестоНово Село, Општина Ново Село, Македонија Македонија
Координати41°25′12″N 22°53′4″E / 41.42000°N 22.88444°E / 41.42000; 22.88444
Видливи остатоци1 црква, конак, трпезарија, помошни објекти
Отворен за јавностада

Новоселски манастирманастир во струмичкото село Ново Село.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Манастирот се издига на рид на планината Огражден, што се наоѓа над струмичко Ново Село, од каде се гледа панорама на целото село.

Историја

[уреди | уреди извор]

На местото на манастирот во 1990-тите години била откриена некропола, која најверојатно датирала од римско време, и подоцна се покренала иницијатива за изградба на манастирски комплекс.

Во 2004 година започнала изградбата на монашкиот конак со поддршка на струмичкиот митрополит.[2]

Денес, во манастирот живеат тројца монаси во склад со аскетско-исихастичката традиција на Светогорските манастири. Во манастирот е развиено пчеларството и се произведува квалитетен мед.

Градби во манастирот

[уреди | уреди извор]

Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, конакот, трпезаријата, како и други помошни објекти.

Црква „Св. Ѓорѓи“

[уреди | уреди извор]

Главната и единствена манастирска црква е посветена на Свети Ѓорѓи.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Ново Село - манастир Свети Антониј Велики“. Македонска православна црква - Охридска архиепископија. Посетено на 2026-01-25.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]