Црква „Св. Јован Претеча“ - Р’мби

Координати: 40°50′15.3″N 21°7′24.8″E / 40.837583° СГШ; 21.123556° ИГД / 40.837583; 21.123556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Јован Претеча
Τιμίου Προδρόμου
Карта
40°50′15.3″N 21°7′24.8″E / 40.837583° СГШ; 21.123556° ИГД / 40.837583; 21.123556
МестоР’мби, Леринско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1910
Управа
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Свети Јован Претеча (грчки: Ιερός Ναός Τιμίου Προδρόμου) — манастирска црква кај селото Р’мби, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија, под управа на Грчката православна црква.

Црквата се наоѓа на 2 км западно од селото, на ридот Горица во правец на Преспанското Езеро. На местото имало урнатини од стар манастир и помала црква. На почетокот од XX век селаните од Р’мби го возобновиле храмот и истиот е осветен во 1910 г. од егзархискиот митрополит Борис Преспански и Охридски во присуство на многубројни поклоници од цела Преспа.

Црковниот собор е на празникот Отсечение.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 53.