Црква „Св. Јован Крстител“ - Дебриште
Изглед
Свети Јован Крстител | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
| Парохија | Росоманска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°27′30″N 21°52′49″E / 41.45833°N 21.88028°E |
| Место | Дебриште |
| Општина | Росоман |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Јован Крстител |
| Изградба | XIX век |
| Живопис | 1873 |
| Архитектонски опис | |
| Стил | преродбенички |
Свети Јован Крстител — главна селска црква во тиквешкото село Дебриште, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на крајот од селото, во Горно Маало.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата изградена во втората половина на XIX век, најверојатно на старо црквиште.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Ова е мал храм со отворени тремови од јужната и северната страна кои се во урнатини.[3]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Над западниот влез, во нишата е насликан покровителот Свети Јован Крстител, како и годината на живописувањето на црквата — 1873.[3]
Внатрешниот свод е со рамна дрвена таваница. На јужниот ѕид од внатрешната страна има натпис на зографите: „Из руки Петре и син его Глигур из Дебор село Тресанче 1873“. Зачувани се фрески во наосот и олтарот, но се во лоша состојба.[3]
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта
- Селските гробишта
- Апсидата
- Источната страна
- Влез во припратата
- Влезната порта
- Трпезаријата
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Рајец. Белград: Српска кралска академија. стр. 452-453.
- 1 2 3 4 „Св. Јован Крстител, с. Дебриште“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 22 мај 2016.[мртва врска]
- ↑ „Росоманска парохија - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 20 февруари 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Јован Крстител“ - Дебриште на Ризницата ?


