Црква „Св. Јован Крстител“ - Грделица

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црквата Свети Јован Крстител се наоѓа во Грделица, мало гратче во околината на Лесковац, на работ на Грделичката клисура. Изградена е на десниот брег на Јужна Морава и на устието на реката Козарачка река, нејзината најголема притока во пределот на грделичката клисура.

Таа е дело на Момир Коруновиќ, истакнат српски архитект во 20 век.

Историја[уреди | уреди извор]

Во текот на својата долга историја, поради географската положба, оваа населба, некогаш позната како Дервен, честопати била на удар на различни варварски цивилизации чие спомнување датира од времето на Византија пред VII век. Во состав на српската држава оваа населба, под непознато име, влегува за време на Стефан Немања, пред крајот на 12 век. Стефан Лазаревиќ на тоа место ја изградил црквата Св. Богородица која пред турската инвазија била разорена. Грделица немала своја црква од 1878 година (време на ослободување од Турците) до 1925 година, кога била прогласена за гратче. Потребно било да помине долго време за да Јован Л. Лазаревиќ во 1931 година се согласи да ја финансира изградбата на новата црква. Тој во 1935 година ги дал првичните парични средства за изградба на црквата. Покрај неговите, средствата за изградбата биле добиени од министерството за градежништво и религија. Црква Св. Јован Крстител е проектирана од страна на двајца архитекти Бранко Тасиќ и познатиот Момир Коруновиќ. Отпрвинна проектот работел лесковачкиот архитект Бранко Тасиќ, но подоцна таа работа му била доделена на Момир Коруновиќ (1884-1969), кој во тоа време бил познат архитект на сакрални споменици и истовремено и инспектор во Министерството за градежништво. Камен-темелникот бил осветен на 7 јули 1937 година и таа од тогаш станала најистакната црква на подрачјето на Грделичка клисура. Вкупната цена за изградба до завршетокот на 1940 година изнесувала тогашни 2 милиони динари.

Првиот свештеник во црквата бил Мика од Власотинце, кој тука служел четири години (1937-1941). На почетокот на Втората светска војна на неговото место дошол јерејот Владимир Стоиљковиќ, кој тука се задржал најдолго, сè до 1975 години. Него таа година бил заменет со јерејот Власта Стојановиќ од Врање .[1]

Изгледот на црквата[уреди | уреди извор]

Основата на храмот е во форма на врежан крст. На западната страна на црквата постои издадена настрешница, покриена со брановиден покрив, со два столба поврзани со лак. Над овие два столба се наоѓаат три прозорци врамени со архиволти кои се покриени со двокрилен покрив. Столбовите во настрешниците се повисоки и потенки. Припратот од наосот го одделуваат два столба кои во внатрешноста на порталот ја носат галеријата за потребите на црвениот хор. Иконостасот е работен во длабока резба и е дело на рускиот емигрант Иван Дикиј. На десната страна на припратот се гледа фигурата на Св. Јован Крстител „Биљобер“ на кого му е посветена црквата.

Апсидата на исток, одвнатрешната страна, е полукружна, а однадвор е тространа. На јужната страна од апсидата се наоѓа врата која води во олтарниот простор врамен со лак кој почива на два столба. Во внатрешноста слично се решени северниот и јужниот крак. Северната страна е полукружна конха, обележана со три прозорци засводени од покрив над коиј се наоѓаат уште три врамени со архиволти.

Црквата има три осумаголни куполи, два помали над припратите и голема централна купола над наосот. Главната купола се издига на осумаголен тамбур кој почива на еден цилиндричен пиедестал. Страничните куполи се разликуваат од главната само по големина, тамбурите се осумаголни однадвор и кружни одвнатре. [1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Тодоров. Ј. (2005), Прилог познавању архитектуре цркве Св. Јована Крститеља у Грделици, Лесковачки зборник XLV, УДК: 726.54(497.11)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

42°53′27.0″N 22°04′35.6″E / 42.890833° СГШ; 22.076556° ИГД / 42.890833; 22.076556