Прејди на содржината

Црква „Св. Јован Крстител“ - Булачани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Јован Крстител
македонска православна црква
ЕпархијаСкопска
Архијерејско намесништвоСеверноскопско
Местоположба

Карта

Координати42°03′35″N 21°30′21.4″E / 42.05972°N 21.505944°E / 42.05972; 21.505944
МестоБулачани
ОпштинаГази Баба
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителЈован Крстител
Завршено1850
Архитектонски опис

Св. Јован Крстител (Св. Јован Претеча) — црква во скопското село Булачани, Општина Гази Баба. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен во најјужниот дел на селото. Изградена е на старо црковно место каде населението се собирало на Иванден од дамнешни времиња. Храмот има стар прекрасно украсен иконостас, како и многу икони и фрески од 1861 година. Според едно предание, иконостасот е дело на Турчин од Јаја-пашината џамија во Скопје.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Архивирано од изворникот на 2017-05-23. Посетено на 6 јануари 2022.