Црква „Св. Јован Златоуст“ - Ангелци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастир „Св. Јован Златоуст“

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба

Карта

Место Ангелци
Општина Василево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Јован Златоуст
Изградба 1940-те
Завршено 1950
Архитектонски опис

„Св. Јован Златоуст“христијански храм кој се наоѓа во селото Ангелци, Општина Василево.

Историја[уреди | уреди извор]

Пред да биде изграден Манастирот на негово место се наоѓала куќа. На сопственичката на куќата Гина Бандулова Трајкова и се сонило дека треба да ја напуштат куќата бидејќи под нејзиниот темел се наоѓа христијанска црква. Кога сопствениците не сакале да ја напуштат куќата бидејќи немале каде на друго место да одат, им починало најмалото од своите четири деца. По овој чин старата куќа била разрушена а на нејзино место бил изграден манастирот посветен на Свети Јован Златоуст.

Денешниот манастир започнал да се гради во 1940-тите а целосно била изградена во 1950 година со помош на жителите на селото.

Долги години манастирот бил место каде што се ванчавале сите млади парови во селото и каде што ги крштевале своите деца, каде што се празнувале сите верски празници, сè до градењето на црквата св. Спас во 2016 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]