Црква „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Трубарево
Свети Ѓорѓи Победоносец
| |
Поглед на црквата Свети Ѓорѓи Победоносец во селото Трубарево | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Трубарево |
Општина | Гази Баба |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Осветување | 1982 |
Архитектонски опис |
Свети Георги Победоносец или Свети великомаченик Георги — македонски православен храм во скопското село Трубарево. Храмот се наоѓа веднаш од левата страна на локалниот пат што води од Скопје (наслебите Маџари и Хиподром) кон Петровец и Катланово.
Опис
[уреди | уреди извор]Црквата е нова градба,а била осветена 1982 година. На ова место уште од турско време постоел крст, каде месното население секоја година се собирало за време на верскиот празник Ѓурѓовден. За да се ове ковечи ова традиционално свето место, кое со векови било собиралиште на верниците, по иницијатива на месното население подигната е црквата.Црквата била изградена на место каде, според верувањата, луѓето од најстари времиња се собирале да го прославуваат верскиот празник посветен на свети Ѓорѓи. Црквата е обновена и украсена со фрески и икони. Во поново време е изградена и црковната камбанарија, како и оградата околу црквата.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2011-03-28.[мртва врска]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезната порта
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата
„Црква „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Трубарево“ на Ризницата ? |