Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пазар
| Свето Ѓорѓи | |
|---|---|
| Αγίου Γεωργίου | |
Поглед на црквата | |
![]() | |
| 40°47′23″N 22°24′28″E / 40.78972°N 22.40778°E | |
| Место | Пазар |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Културнонаследна категорија | споменик на културата |
| Архитект(и) | Анастасиос Орландос |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Удрен темел | 1948 |
| Завршена | 1957 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Пазарско |
| Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Свети Ѓорѓи (грчки: Ιερός ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1914 г. во поранешното турско маало на Пазар се вселиле 400 грчки семејства доселени од источнотракиските гратчиња Странџа (Бинкилич) и Мадитос (Еџеабат).[2] Во 1918 г. митрополитот Константиј Воденски им дал на тракиските доселеници место за иградба на црква во западниот дел на градскиот центар, каде тие ја подигнале.[1] Посветена е на Свети Ѓорѓи, покровителот на Странџа.[2] Во 1944 г. грамот е изгорен од германски единици. По војната, на 21 мај 1948 г. удрен камен-темелник на нова црква од митрополитот Пантелејмон Воденски, и храмот е свечено отворен на 24 март 1957 г.[1][2]
Опис
[уреди | уреди извор]
Архитект на црквата е Анастасиос Орландос.[2] Има крстокуполен облик и целата е од камен, со исклучок на средишните столбови.[1] Покривот е на четири води со ќерамиди. Има три влеза — од запад, север и југ.[3] Има димензии од 32 (27) м во должина, 19 м во ширина и 19 м висина.[1] На северозапад има куловидна камбанарија.[4]
Во 1965 г. со средства подарени од Странџа е направен нов насликан иконостас. Во 1983 г. започнало живописувањето на храмот од мајсторите Христофанис Вуцинас и Кацјолас во македонска техника. Интересно е тоа што црквата е воедно посветена и на Свети Никола.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 „Ιερός ναός Αγίου Γεωργίου“. Η πόλη μας. Посетено на 12 септември 2016.
- 1 2 3 4 5 „Ιστορικό Ιερού Ναού“. Ιερός ναός Αγίου Γεωργίου Γιαννιτσών. Посетено на 12 септември 2016.
- 1 2 Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 40. Посетено на 16 јануари 2020.
- ↑ Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 41. Посетено на 16 јануари 2020.
