Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лошница
| Свети Ѓорѓи | |
|---|---|
| Αγίου Γεωργίου | |
Пресв. Богородица Патеводителка, 1775 г. | |
![]() | |
| 40°27′21″N 21°25′44″E / 40.45583°N 21.42889°E | |
| Место | Лошница, Костурско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | базилика |
| Стил | преродбенички |
| Завршена | 1761/1882 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Горенско |
| Епархија | Костурска |
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — преродбеничка црква во селото Лошница, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.
Црквата е сместена на сретселото и има три периода на изградба. Првиот е од околу 1650 г. Од тој храм преостануваат делови од резбаниот иконостас — десниот дел на таблатурата и други делови, резбан проскинитар, на кој стои вредната икона „Богородица Патеводителка“ и две-три мали преносливи икони. Црквата била 4 м во ширина и 5-6 м во должина.[1]
Храмот е урнат и повторно изграден во 1761[2] или 1768 г.[1] според натписот на камен-темелникот. Неколку години подоцна, во 1775 г. е украсена со фин резбан иконостас и девет убави царски икони, дело на анонимни мајстори, владички прстол и проскинитар на Свети Ѓорѓи.[1] Овој храм бил широк и долг 6 м.[1]
Околу 1880 г. е срушена и втората црква, и за кратко време до 1882 г. е подигнат нов величествен храм од мајстори од Жупан, а црковните предмети, иконостасот и мебелот од стариот храм се пренесени во него.[1] На 22 јули 1936 г. црквата делумно настрадала во пожар, но преживеале иконостасот, владичкиот престол, двата проскинитара и сите преносливи икони освен една.[1]
Додека бил на чело на Костурската епархиха од 1931 до 1936 г. митрополитот Диодор Шишански ја префрлил парохијата во Шишанската епархија. На 24 февруари 1974 г. парохијата е вратена во Костурската епархија.[3]
Живопис и икони
[уреди | уреди извор]- Свети Христофор, фреска одXIX век
- Икона на Свети Ѓорѓи, 1775 г.
- Икона на Свети Модест, 1775 г.
- Икона на Свети Ѓорѓи во северниот проскинитар, 1775 г.
- Исус Христос, фреска од XIX век
- Икона на Успението Богородично, XVII век
- Душата на праведникот, 1775 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 7 „Ο άγιος Γεώργιος, πολιούχος του Γέρμα Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 21 април 2012. Посетено на 24 јули 2015.
- ↑ „Λαϊκές παροιμίες και παροιμιώδεις λέξεις και φράσεις απ' τον Γέρμα Καστοριάς. Καταγραφή του αείμνηστου Γυμνασιάρχη και συγγραφέα Χρίστου Γεωργίου (1889 - 1972.). 4η δημοσίευση“. Ο Γέρμας Καστοριάς. Посетено на 24 јули 2015.
- ↑ Στυλιάδη, Βασιλείου (30 март 2015). „Η Ενορία Αγίου Γεωργίου Γέρμα Καστοριάς, από το έτος 1974 έως σήμερα“. Φως της Καστοριάς. Посетено на 13 јули 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лошница на Ризницата ?
