Црква „Св. Ѓорѓи“ - Куново
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Тетовско-гостиварска |
| Архијерејско намесништво | Гостиварско |
| Парохија | Гостиварска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°44′25″N 20°57′02″E / 41.74028°N 20.95056°E |
| Место | Куново |
| Општина | Гостивар |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи |
| Изградба | 1877 |
| Завршено | 1880 |
| Осветување | 8 октомври 1924 |
| Зограф | Аврам Дичов |
| Архитектонски опис | |
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во гостиварското село Куново, Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена на крајниот јужен дел на селото Куново, изградена на една мала височина.[1] Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Храмот е завршен во 1877 година[2] или во 1880 година на темели на многу постара црква.[1]
Храмот бил осветен на 8 октомври 1924 година.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Фасадата и кровната конструкција се целосно обновени во 1994 со средства на црковниот одбор, а после неколку години е обновена и дрвената камбанарија и оградниот ѕид кој е покриен и е спасен од забот на времето.
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Познатиот зограф Аврам Дичов ги насликал фреските во црквата, кои и денес се во одлична состојба. Забележително е тоа што, наместо вообичаената претстава на Витлеемската ѕвезда, во композицијата „Рождество Христово“ зографот ја насликал шеснаесеткраката македонска Ѕвезда од Кутлеш.[3][1]
- Икона на Аврам Дичов (1877 г.)
- Фреска „Рождество Христово“
- Икона на Аврам Дичов (1877 г.)
Иконостас
[уреди | уреди извор]На иконостасот се поставени 34 икони, изработени од познатиот зограф Аврам Дичов од Тресонче.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Базен за верски обреди
- Помошниот влез
- Ниша над помошниот влез
- Помошниот објект
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Куново“. Македонска нација. 7 октомври 2010. Посетено на 27 март 2014.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 185.
- ↑ „Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век“. Македонска Православна Црква. 6 октомври 2010. Посетено на 27 март 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Куново на Ризницата ?


