Црква „Св. Ѓорѓи“ - Кнежино
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
| |
![]() Поглед на црквата | |
Македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Кичевско |
Парохија | Четврта кичевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°30′58.04″N 20°55′19.73″E / 41.5161222° СГШ; 20.9221472° ИГДКоординати: 41°30′58.04″N 20°55′19.73″E / 41.5161222° СГШ; 20.9221472° ИГД |
Населено место | Кнежино |
Општина | Кичево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Архитектонски опис | |
Портал „МПЦ“ |
Свети Ѓорѓи — главна и единствена манастирска црква на средновековниот Кнежински манастир во селото Кнежино.[1]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Црквата е сместена во средишниот дел на самиот манастир, кој се наоѓа пред самото село Кнежино.
Историја[уреди | уреди извор]
Се верува дека манастирската црква најпрвин била изградена во XII или XIII век. Подоцна, таа црква била срушена во 1736 година во времето на Австро-отоманските војни.[2]
Во 1973 година била подигната мала црквичка како привремено решение. Истата подоцна била срушена, бидејќи на нејзините темели се наоѓа самиот археолошки локалитет на стариот манастир, што е потврдено со спроведените археолошки ископувања.[2]
Денешната манастирска црква била започната во 1999 година, а истата била осветена во 2007 година.[2]
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Кнежинскиот манастир го прослави својот патрон „Свети Ѓорѓија Победоносец““. Нова Македонија (mk-MK). 2018-12-09. конс. 2019-01-30.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Кнежино на Ризницата ?