Црква „Св. Ѓорѓи“ - Какара
Изглед
| Свети Ѓорѓи | |
|---|---|
| Αγίου Γεωργίου | |
![]() | |
| 41°0′40.1″N 23°39′3.6″E / 41.011139°N 23.651000°E | |
| Место | Какара, Серско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | трикорабка базилика |
| Изградба | 1924 - 1925 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Серско |
| Епархија | Серско-нигритска |
Свети Ѓорѓи (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Какара, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во центарот на селото. Почнала да се гради на 5 мај 1924 г., а првата литургија е отслужена на 15 август 1925 г. Градбата претставува трикорабна сводеста базилика. Во 1987 – 1989 г. се направени неколку зафати: додадена е припрата, дел од храмот е живописан и изградени се крстилница и трапезарија.[1]
Во парохијата влегува и храмот „Св. Петка“.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 1 ноември 2018.
