Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ивањевци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Ѓорѓи
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ивањевци 4.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Ивањевска
Местоположба
Координати 41°12′32.6″N 21°21′41″E / 41.209056° СГШ; 21.36139° ИГД / 41.209056; 21.36139Координати: 41°12′32.6″N 21°21′41″E / 41.209056° СГШ; 21.36139° ИГД / 41.209056; 21.36139
Населено место Ивањевци
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Завршено 1847
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Ивањевци.[1] Црквата е сместена во крајниот свероисточен дел од селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1847 година, а била обновувана во 1932 и 2005 година.[2] Од натписна плоча на еден од помошните објекти се забележува дека кровот на црквата бил обновен со средства обезбедени од иселеници од селото во Австралија во декември 2002 година.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен од западната страна, а над него има полукружна ниша со фреска на Свети Ѓорѓи. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, неколку помошни објекти и селските гробишта. Камбанаријата се издига јужно од градбата на храмот. Таа има квадратна основа и се состои од три дела. Во најдолниот дел на западната страна се наоѓа влезот, а во средниот дел над него има правоаголен отвор, додека во најгорниот дел на секоја страна има по два хоризонтално поставени правоаголни отвори.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Ивањевци“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]