Црква „Св. Ѓорѓи“ - Жегљане
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Кумановско-осоговска |
| Архијерејско намесништво | Кумановско-кратовско |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°15′58.47″N 21°54′05.91″E / 42.2662417°N 21.9016417°E |
| Место | Жегљане |
| Општина | Старо Нагоричане |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи |
| Изградба | 1867 |
| Архитектонски опис | |
Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во козјачкото село Жегљане.[1] Црквата е сместена во главниот дел на раштрканото село Жегљане, во непосредна близина на старото основно училиште. Во нејзиниот двор се наоѓаат и самите селски гробишта.
Црквата, заедно со нејзината внатрешноста, е во многу лоша состојба.
Историја
[уреди | уреди извор]Според авторот Јован Трифуноски, црквата била започната во 1867 година. Поради средишната положба на селото Жегљане, во отоманскиот период, црквата била посетувана од жителите на околните села.[2]
Сепак, според историчарот на уметност Милева Лазова, црквата е изградена во текот на XVII век и се смета за поствизантиска градба, која поседува исклучителна богата украсна градба.[3]
Фрески
[уреди | уреди извор]Двокатниот иконостас во црквата е од 1874 година и е дело на двајца зографи. Четири од престолните икони — на Св. Ѓорѓи Победоносец, Богородица со Христос, Исус Христос и Св. Јован Претеча се дело на зографот Никола Михајлов. Останатите икони во иконостасот — јужната и северната врата, царските двери, 12. икони на апостоли и средишната икона на Возкресението Христово, на која што е потпишан авторот, се дело на зографот Вено Костов од Лазарополе во 1877 година.[4]
- Фреските и внатрешноста
- Панорамски поглед на внатрешноста на црквата
- „Исус Христос“, Никола Михајлов
- „Пресвета Богородица со Христос“, Никола Михајлов
- „Свети Ѓорѓи“, Никола Михајлов
- „Свети Јован Крстител“, Никола Михајлов
- „Вознесение Христово“, Вено Костов
Галерија
[уреди | уреди извор]- Украси на фасадата
- Апсидата на црквата
- Украсни делови на фасадата
- Украс на фасадата
- Украс над влезот во црквата
- Надворешноста на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Крстот над влезот
- Метален крст на кровот на црквата
- Предниот дел на црквата
- Црквата заедно со камбанаријата
- Селските гробишта во црковниот двор
- Предниот дел на црквата со некои гробови
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
- ↑ Лазова, Милева (21 декември 2007). „Средновековното Жеглигово пребогато со Божји храмови“ (PDF). Македонско Сонце. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-08. Посетено на 16 април 2017.
- ↑ Николовски, Дарко. „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“. Отсутно или празно
|url=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Жегљане на Ризницата ?


