Црква „Св. Ѓорѓи“ - Дреново (Драмско)

Координати: 41°11′17″N 24°10′9″E / 41.18806° СГШ; 24.16917° ИГД / 41.18806; 24.16917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи
Αγιος Γεώργιος
Карта
41°11′17″N 24°10′9″E / 41.18806° СГШ; 24.16917° ИГД / 41.18806; 24.16917
МестоДреново, Драмско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1842
Управа
Архијерејско намесништвоДрамско
ЕпархијаДрамска

Свети Ѓорѓи (грчки: Αγιος Γεώργιος στο Μοναστηράκι) — црква во селото Дреново, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е изградена во 1842 г. Реновирана е во 1911 г., за што сведочи натписот под прозорецот на јужниот ѕид. Градбата претставува трикорабна базилика со димензии 16,90 × 11,20 м. Има женска црква на запад и трем, кој на југ стасува до влезот. Камбанаријата е од западната страна на храмот, точно до влезот. На вградена плоча се запишани градителот на камбанаријата и годината на изградба: διά χειρός Λάσκου 1890 (Од рацете на Ласко 1890).[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.