Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градовци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи

Црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Градовци

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Јужноскопско
Местоположба

Карта

Место Градовци
Општина Зелениково
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба среден век, обновена XIX век
Архитектонски опис

Свети Ѓорѓимакедонски православен храм во селото Градовци, во околината на градот Скопје. Сместена е во средното маало, на самиот негов влез на една височина веднаш десно од патот. Црквата е многу стара („од век и превек“) со ѕидови изградени од камен[1]. Точноста на датумот на изградбата е непознат, но се знае дека таа била обновена во XIX век[2]. Врз основа на видот на градбата, како и врз основа на техниката и начинот на сликање на фрескоживописот, со сигурност може да се заклучи дека оваа црква потекнува од средновековниот период односно од XIII или XIV век.

Поглед од источната страна на црквата (од патот). Забележливи се двата вида и начини на ѕидање, кои ја утврдуваат староста и периодите на изградба и обнова

Врз основа на изгледот на ѕидовите од надворешната страна може да се забележат две различни техники на градба, на основа на што може да се заклучи дека во минатото црквата имала куполи и градба со делкан и кршен камен иста како познатите средновековни манастири низ Македонија, при што доживеала разурнување и обнова со ѕидање со обични камења како македонските куќи во XVIII и XIX век. Дека црквата најверојатно била повисока со куполи, а потоа и делумно разурната, сведочи фактот што фрескоживописот во внатрешноста до покривната конструкција прекинува во долниот и средниот дел од телата на светците. Околу оваа црква се наоѓаат селските гробишта, а во нивна близина постојат и старински гробишта за кои населението не знае чии се, но со сигурност се знае дека се христијански поради сочуваноста на камените крстови на некои од гробовите[1].

Црквата има занимлива градба и вреден фрескоживопис, а во нејзиниот двор кој е ограден со камена ѕидана ограда, постои заградена трпезарија со маси, која се истакнува со својата занимливост и старост.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Трифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952 г. стр.86
  2. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.85

Надворешни врски[уреди | уреди извор]