Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Ѓорѓи
Royal Doors in Saint George Church in Gradishte.png

Царските двери на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Парохија Клечовска
Местоположба

Карта

Координати 42°00′48″N 21°53′29″E / 42.01333° СГШ; 21.89139° ИГД / 42.01333; 21.89139Координати: 42°00′48″N 21°53′29″E / 42.01333° СГШ; 21.89139° ИГД / 42.01333; 21.89139
Место Градиште
Општина Куманово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓија
Изградба 1866-1868
Архитектонски опис
Стил византиски

Свети Ѓорѓиправославна манастирска црква кај кумановското село Градиште. Дел е од Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Градишкиот манастир се вбројува меѓу културните знаменитости на Македонската преродба.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена под возвишението Врв на Градиштанска Планина, јужно од селото Градиште. Подигната е врз темелите на старохристијански храм во рамките на доцноантичката тврдина Градиште (Градишки В’р). Ферманот за неговата обнова е издаден во 1864 г. од султанот Абдул Азис. Иградбата на новиот манастир започнала во 1866 г. во времето на кумановскиот управник Мехмед Назиф-паша и е завршена во 1868 г.[1]

Со создавањето на Бугарската егзархија во 1871 г. и обидите за бугарска пропаганда, храмот успеале да го заземат српските пропагандисти на Цариградската патријаршија и го држеле сè до 1896 г. кога бил затворен. Во 1905 г. е предаден на бугарската општина, со што завладеало бугарското црковно врховенство.[1]

Архитектонски опис[уреди | уреди извор]

Во архитектонски поглед црквата претставува триконхален грам со една купола — единствен таков пример во Кумановско.[1][2][3] Изградена е во византиски стил со редење на делкани камења и тули. Фасадите се оживеани со хоризонтални разделни венци. Во октомври 1978 г. е реновирана неговата надворешност, а во 2001 г. е обновена и внатрешноста, малтерисувајќи ги ѕидовите на трите конхи. Во 2003 г. црквата е малтерисана и однадвор.[1]

Живопис и икони[уреди | уреди извор]

Во храмот има само един фрескопис од 2005 г. — дело на Среќко Андоновски - Челик. Иконите од стариот иконостас, изработени во темперна техника од непознат автор, се изложени во Галеријата на икони во Куманово.[1] Иконите на сегашниот дрвен иконостас се дело на Димитар Андонов Папрадишки од 1937/38 г.[1][4][5] Иконостасот е висок колку царските икони, на кои фигурите нетипично се претставени во полн раст.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Манастир Св. Ѓорѓи - Градиште“. Visit Kumanovo. Посетено на 2 јануари 2018.
  2. „Преродбенски период“. Центар за дигитализација на националното наследство. Архивирано од изворникот на 2014-04-15. Посетено на 15 април 2014.
  3. „Градишки манастир - црква Св. Ѓорѓи“. Галерија на икони од Кумановскиот крај во црквата Св. Никола, Куманово. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 15 април 2014.
  4. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 207.
  5. Николовски, Дарко (2020). Фото архива на Антоние Николовски за Македонските зографи од крајот на XIX и почетокот на XX век: (Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ) (PDF). Скопје: Едиција Културно наследство, Министерство за култура на Р. С. Македонија. стр. 113.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]