Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вртешка
Изглед
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Штипско |
| Парохија | Карбинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°45′34.25″N 22°25′01.03″E / 41.7595139°N 22.4169528°E |
| Место | Вртешка |
| Општина | Карбинци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи |
| Изградба | 2005 |
| Архитектонски опис | |
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во плачковичкото село Вртешка, Македонија.
Црквата се наоѓа во самото село, веднаш до обновениот планинарски дом „Вртешка“.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена на крајот на асфалтираниот пристап, кој се спушта од регионалниот пат до некогашното село Вртешка и планинарскиот дом.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била подигната како параклис во 2005 година од страна на дарители од Штип и истата година е извршено мало осветување.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата е фрескоживописана од страна на зографот Златанов од Скопје.
Камбанарија
[уреди | уреди извор]Во 2010 година, црквата добила камбанарија, која истата година била и осветена од страна на митрополитот г. Иларион. Камбанаријата била донација на модната конфекција Беас-Астибо и членовите на планинарското друштво „Лисец“ од Штип.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Прозорец на црквата
- Внатрешноста на куполата
- Внатрешноста
- Камбанаријата
- Куполата
- Влезот
- Црквата со камбанаријата
- Апсидата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Карбинска парохија“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-02-03. Посетено на 2021-01-23.
- ↑ „Ѓурѓовден во Кочани и освет на камбанарија во с. Вртешка – Плачковица“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-01-29. Посетено на 24 јануари 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вртешка на Ризницата ?


