Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вашарејца
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Беранечка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°10′29.5″N 21°24′11.2″E / 41.174861°N 21.403111°E |
| Место | Вашарејца |
| Општина | Могила |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Георги |
| Изградба | 1862 |
| Завршено | 1883 |
| Архитектонски опис | |
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во битолското село Вашарејца, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена на рид над селото и железничката пруга.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Изградбата на црквата започнала во 1862 година, а истата завршила во 1883 година, во време кога началници во селото биле Ристе, Божин, Богдан, Илија и Георги Власак од родот Власковци; како и Петко, Трпче, Стојан, Коле и Ангел. Се претпоставува дека на 300 метри од црквата имало „латински“ манастир. На тоа место се пронајдени мермерни камења, од кои некои се пренесени во црквата и денес стојат на самата нејзина врата. Тоа место кое сега е утрина (пасиште) и е наречено Манастириште.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена многуаголна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажан Свети Георги. Објектот е изграден од камен и е варосан, а во целост е покриен со кров од ќерамиди. Кон западната страна на црквата е дограден помошен објект. Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, базен за верски обреди, железен крст и селските гробишта. Камбанаријата се издига на бетонски темел со квадратна основа и претставува отворена метална конструкција, заградена со ниска метална ограда во долниот дел и покриена со лимен пирамидален кров. Железниот крст се наоѓа на самиот врв на ридот на кој е сместена црквата и истиот е висок околу 15 м.[2] Крстот бил осветен на 24 јули 2016 година.
Живопис
[уреди | уреди извор]Внатрешноста на црквата е целосно живописана со фрескоживопис кој содржи доста ретки и занимливи прикази на четворицата јавачи и апокалипсата, страшниот суд, пеколот и други мотиви од Библијата.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Однадвор и помошниот објект
- Дворот на црквата
- Влезот на црквата
- Апсидата
- Помошниот објект
- Внатрешноста на црквата
- Фреска со четворицата јавачи и апокалипсата
- Натпис со податоци за изградбата
- Фреска со Исус Христос
- Фрескопис на западниот ѕид со натпис за изградбата
- Останати објекти во дворот
- Камбанаријата
- Железниот крст
- Базенот за верски обреди
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 10. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 „Вашарејца Архивирано на 29 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вашарејца на Ризницата ?


