Црква „Св. Ѓорѓи“ - Берово (Лагадинско)
Изглед
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
40°53′1″N 23°13′47″E / 40.88361° СГШ; 23.22972° ИГД | |
Место | Берово, Лагадинско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1830 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Лагадинско |
Епархија | Лагадинско-ајватовско-рендинска |
Свети Ѓорѓи (грчки: Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Берово, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.
Ова е гробишен храм во североисточниот крај на селото, изграден околу 1830 г. Има дури 188 вредни икони, изработени од почетокот на XVII до почетокот на XX век.[1]
Црквата е трикорабна базилика. Можеби имала портик на јужниот ѕид, каде има затворена врата. Големиот резбан иконостас речиси целосно го двои жртвеникот од наосот. Храмот е живописан во 1843 г. од Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Најстарите икони се од 1774 г.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Βερτίσκος“. Δήμος Λαγκαδά. Архивирано од изворникот на 2013-04-14. Посетено на 8 јуни 2014.
- ↑ „Η εκκλησία του Αγίου Γεωργίου“. Βερτίσκος. Посетено на 9 јуни 2014.