Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бапчор

Координати: 40°39′52″N 21°19′56″E / 40.6644° СГШ; 21.3322° ИГД / 40.6644; 21.3322
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Карта
40°39′52″N 21°19′56″E / 40.6644° СГШ; 21.3322° ИГД / 40.6644; 21.3322
МестоБапчор, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Изградба1774–5
Управа
Архијерејско намесништвоТиолишко
ЕпархијаКостурска

Свети Ѓорѓи (Αγίου Γεωργίου) — православна црква на местото на историското село Бапчор, во денешната општина Костур, Егејска Македонија. Била главен храм на некогашното село, а денес е во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Денес од целиот Бапчор е останата само оваа црква, иградена во 17745 г. Вратите на црквата се заѕидани во 1948 г. за да не може да служи како прибежиште за бесправни доселеници од Албанија.

Во 1986 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[1]

Во 2018 г. до црквата е пробиен пат со помош на војската, а храмот е обновен, враќајќи ги иконостасот и столбовите. На 29 септември истата година храмот е преосветен од митрополитот Серафим Костурски.[2][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/58866/1235/12-12-1985 - ΦΕΚ 47/Β/19-2-1986“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-09-19. Посетено на 16 декември 2014.
  2. „Ποιμενικό: Η πρώτη Θεία Λειτουργία μετά από 70 χρόνια (ρεπορτάζ – σειρά φωτογραφιών)“. Fiout.gr. 30 септември 2018. Посетено на 18 февруари 2019.
  3. „Φωτογραφίες από τον Ι. Ν. Αγίου Γεωργίου στο Ποιμενικό που εγκαινιάζεται το Σάββατο“. Fiout.gr. 26 септември 2018. Посетено на 18 февруари 2019.