Црква „Свети Стефан“ Истанбул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Свети Стефан
Aya Stefan
Bulgar Kilisesi
İstanbul 6019.jpg
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
КоординатиКоординати: 41°01′55″N 28°56′59″E / 41.03194° СГШ; 28.94972° ИГД / 41.03194; 28.94972
Припадностхристијанство
Осветен1898
Мреж. местоwww.svstefan.com
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква
Завршен1896
Особености
Материјалижелезо

Црквата Свети Стефан (бугарски Български православен храм паметник св. Стефан, турски Aya Stefan Bulgar Kilisesi) е бугарска православна христиjанска црква, која се наоѓа во Истанбул, Турција. Пред 1912 година таа била главниот храм на Бугарската егзархија. Позната е и како Железната црква (бугарски Желязната църква), бидеjки е целосно изградена од железо.

Изградба[уреди | уреди извор]

На 25 јуни 1890 година со султански ферман на Бугарската егзархија била дадена дозвола да изгради нов храм недалеку од местото на поранешната мала Дрвена црква. Бидеjки теренот не бил безбеден, архитектот Ховсеп Азнавур направил предлог храмот да биде изграден целосно од железни елементи, а не со традиционални материјали. Тендерот за изработување на деталите на црквата бил добиен од фирмата Рудолф Филип Ваагнер од Виена независно од тоа што таа немала поранешно искуство во градењето на железни објекти за јавна религиозна служба. Ваагнер сепак веќе имала немал авторитет в областа на железните конструкции.

Првиот камен бил ставен од Егзарх Јосиф I на 27 април 1892 година. Елементите со општа тежина 500 тони биле изработени во Виена меѓу 1893 и 1896 и биле пренесени до Цариград с бродови по Дунав и Црно Море. Нивниот општ број е околу 4 милиони. Асемблирањето било завршено на 14 јули 1896 година, а храмот бил осветен на 8 септември 1898 година од Егзарх Јосиф I.

Архитектурните стилови на екстериорот се необарок, неоготика и византиски стил. Интериорот има одредени ар нуво елементи, а олтарот бил нарачан од Русија и поточно од фирмата на Николаj Ахапкин од Москва.

Во дворот на црквата се погребани многу познати историски фигури, меѓу кои се црковните дејци Иларион Макариополски, Авксентиј Велешки, Паисиј Пловдивски и Партенија Зографски.

Галериjа[уреди | уреди извор]

Наводи и надворешни врски[уреди | уреди извор]

Страница на Фондациjа "Бугарски православен храм Св. Стефан" во Цариград. (бугарски) (англиски) (турски)

Координати: 41°01′55″N 28°56′59″E / 41.03194° СГШ; 28.94972° ИГД / 41.03194; 28.94972{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница