Црква „Вознесение Христово“ - Кожле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вознесение Христово
Свети Спас

Црквата „Свети Спас“ во селото Кожле

македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба

Карта

Место Кожле
Општина Петровец
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Изградба 1847
Архитектонски опис

Вознесение Христово или Свети Спасмакедонски православен храм во селото Кожле во околината на градот Скопје. Сместена е во дабова шума, недалеку од последните селски куќи во југоисточен правец. Изградбата на црквата датира од 1847 година[1], за што сведочи и архитектонскиот изглед. Внатрешноста на црквата е живописана со фрески со карактеристична техника на цртање за средината на XIX век. Непосредно околу црквата во дабовата шума се наоѓаат селските гробишта, каде што се наоѓа и гробот на македонскиот академик, поет и книжевник Гане Тодоровски. Во негова чест во дворот на црквата се одржуваат поетски читања.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „„Во песна си го опиша гробот" - Вест“. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2013-06-11.