Црква „Света Марија“ Истанбул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црква „Света Марија од Влахерна“
Θεοτόκος των Βλαχερνών
Денешната црква
41° СГШ 28° ИГД / 
Место Истанбул
Земја Турција
Вероисповед православие
Историја
Основана 450
Основач(и) Елија Пулхерија
Посветена на Богородица од Влахерна
Култови Пресвета Богородица
Архитектура
Завршена 1867

Црквата Света Марија (турски: Meryem Ana Kilisesi) е христијански храм кој се наоѓа во Истанбул, Турција.

Малиот православен храм бил изграден во 1867 година, на местото на поранешен храм кој датирал од 5 век, и кој бил разрушен во 1434 година. Овој храм бил еден од најважните светелишта на Православието[1].

Црквата се наоѓа во Истанбул, во областа на Фатих.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата во Влахерна започнала да се гради во 450 година по наредба на Елија Пулхерија во близина на фонтаната која пуштала света вода. Храмот се наоѓа на шестиот рид на Константинопол. По нејзината смрт во 453 година, црквата била довршена од стртана на нејзиниот сопруг Маркијан[2]. Во времето на императорот Лав I, во близина на црквата биле изградени две други згради: пареклесија (капела[3]) посветена на Светиот ковчег бидејќи овде се наоѓала светата наметка и облека на Пресвета Богородица која била донесена од Палестина во 473 година, и Света бања[2].

Важноста на целиот комплекс ги охрабрило следните императори да изградат императорска резиденција во склоп на црквата[4]. Во текот на првиот квартал на 6 век, Јустин I и Јустинијан I ја обновиле и прошириле црквата[2].

Во црквата се наоѓала познатата икона на Пресвета Богородица, наречена според црквата, Влахернска икона. Иконата била насликана од дрво и обложена со злато и сребро. Со оваа икона патријархот Сергеј I Цариградски (610-631) во 626 година ги обиколувал градските ѕидини времето кога градот бил ставен под опсада од страна на Аварите и Персијците. Бидејќи императорот Ираклиј I се наоѓал во поход кон Месопотамија, неговиот син Константин и патријархот Сергеј ја покажале иконата а по некое време Аварите биле поразени и принудени да се повлечат[5]. Аварскиот хан подоцна рекол дека бил преплашен од визијата на една млада жена украсена со скапоценети камења на ѕидините[5].

По завршувањето на опсадата, Византијците со радост дознале дека црквата, која се наоѓала надвор од ѕидините не била ограбена од напаѓачите. Кога Ираклиј победоносно влегол во Константинопол од својот поход од Месопотамија, со себе го довел Вистинскиот крст од Ерусалим и го ставил во црквата. Во следните години, Ираклиј ги проширил ѕидините[4] и Влахерна влегла во внатрешноста на градот. Заштита на Влахернската икона исто така помогнала и во опсадата на градот од Арапите во 717-718 година, во 860 од страна на Русија и во 926 од страна на Бугарите[6].

На 15 август 944 година, во црквата биле донесени уште две реликви: писмото кое ерменскиот цар Абгар му го напишал на Исус откако се разболел и Мандалион односно платно на кое Исус го отпечатил својот лик и му го вратил на болниот цар, по кое тој бил излекуван. Подоцна, овие реликви биле преместени во црквата на Богородица кај Фарос (Светилник)[7]. Црквата во следниот период станала центар на обожувањето и идолопоклонството на слики односно икони. Поради тоа, храмот имал значајна улога во времето на иконоборството[6], кога голем дел од мозаиците биле уништени и заменети со природни сцени од дрвја, птици и животни.[8]. Во тој период, според верувањата, иконата била покриена со слој од малтер. Во 843 година, со крајот на иконоборството, празникот на победата на Православието бил прославен за прв пат во Влахернската црква[6].

Иконата била откриена за време на реставрацијата на црквата во времето на Роман III Аргир (1028 – 1034)[9] и повторно станала една од најпочитуваните икони во Константинопол. Црквата била целосно уништена за време на еден пожар од 1070 година, и била повторно изградена во времето на Роман IV (1068–1071)[5].

По латинското освојување на градот[7], црквата била ставена во служба на Светата столица. Јован III Дука, императорот на Никеја, ја откупил иконата. На 29 февруари 1434 година, некои аристократски деца, кои биле во лов на гулаби, случајно направиле пожар кој предизвикал целосно уништување на комплексот. Во османлиско време комплексот бил запуштен. Во 1867 година црквата била изградена, но во многу помали димензии.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The importance of the Church can be – among others – argued from the fact that along the whole Orthodox world (from Crete to Cherson in Crimea) many churches were put under the same dedication. Janin (1953), p. 169.
  2. 2,0 2,1 2,2 Janin (1953), p. 169.
  3. The parekklesion претставува капела надвор од црквата или од нартексот.
  4. 4,0 4,1 Müller-Wiener (1977).
  5. 5,0 5,1 5,2 Janin (1953), p. 170.
  6. 6,0 6,1 6,2 Janin (1953), p. 171.
  7. 7,0 7,1 Janin (1953), p. 172.
  8. Janin (1953), p. 175.
  9. On that occasion Romanos also covered the capitals of the columns with gold and silver foil. Janin (1953), p. 169.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Mamboury, Ernest (1953). The Tourists' Istanbul. Istanbul: Çituri Biraderler Basımevi. 
  • Janin, Raymond (1953) (на French). La Géographie ecclésiastique de l'Empire byzantin. 1. Part: Le Siège de Constantinople et le Patriarcat Oecuménique. 3rd Vol. : Les Églises et les Monastères. Paris: Institut Français d'Etudes Byzantines. 
  • Müller-Wiener, Wolfgang (1977) (на German). Bildlexikon Zur Topographie Istanbuls: Byzantion, Konstantinupolis, Istanbul Bis Zum Beginn D. 17 Jh. Tübingen: Wasmuth. ISBN 978-3-8030-1022-3. 
  • Ronchey, Silvia; Braccini, Tommaso (2010) (на Italian). Il romanzo di Costantinopoli. Guida letteraria alla Roma d'Oriente. Torino: Einaudi. ISBN 978-88-06-18921-1. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]