Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Рамна
| Рождество на Пресвета Богородица | |
|---|---|
| Γέννησης Θεοτόκου | |
![]() | |
| 40°54′24″N 22°24′3″E / 40.90667°N 22.40083°E | |
| Место | Рамна, Ениџевардарско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Културнонаследна категорија | споменик на културата |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Изградба | 1856 - 1858 |
| Завршена | XIX век |
| Управа | |
| Епархија | Гуменџиско-бојмичко-ругуновска |
Рождество на Пресвета Богородица (грчки: Γέννησης Θεοτόκου) — црква во селото Рамна, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Црквата е изградена меѓу 1856 и 1858 г.[2] како гробишен и парохиски храм на селото. Претставува трикорабна базилика, што е заедничко за црквите од XIX век во овој дел на Македонија . Има внатрешни димензии од 12,2 х 7,8 м. На запад и на југ црквата има трем. Нартексот и галеријата на запад не се зачувани. Покривот е едномансарден со засеци од запад и исток. Апсидата на олтарот е полукружна. Внатре се зачувани резбаниот владички престол, два проскинитара и иконостасот. Зачувани се и оригиналните дрвени тавани со геометриски фигури, насликани во силни бои со цвеќиња и вазни. Слично украсени се и резбаните дрвени елементи. Фронтоните на аркадите, дел од северната, јужната и источната стена исто така се насликани, како и нишите на жртвеникот.[1] Во храмот има икони на зографите Ставракис Маргаритис, Атанасиос Маргаритис и Дакос Хаѕистаматис од погрченото солунско село Кулакија, како и од зоградот Стерјос Димитриу од Кожани.[3]
Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата .[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „7. Ιερός ναός Γέννησης Θεοτόκου Ομαλού“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 24 јуни 2014.[мртва врска]
- 1 2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24412/504/8-6-1987 - ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 21 октомври 2014.
- ↑ „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.
