Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Костинци
Рождество на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Долненско-секиречка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°30′17.4″N 21°24′22.2″E / 41.504833°N 21.406167°E |
| Место | Костинци |
| Општина | Долнени |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Завршено | 1624/1625 |
| Архитектонски опис | |
Рождество на Пресвета Богородица — црква во селото Костинци.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото, на десната страна од патот кој продолжува до соседното село Долгаец. Црквата е прогласена за споменик на културата.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1624/1625 година. Од натписот над влезната врата во внатрешноста на црквата се дознава дека ктитори кои ја подигнале црквата биле поп Стојко, Милош и Коста од блиското село Стровија. Денешниот изглед се должи на неколку фази на изградба. Во првата фаза од 1624/1625 година, храмот е подигнат како мала еднокорабна црква со полукружен свод и тристрана апсида на источната страна. Во XVII век, црквата била проширена од западната страна, така што добила припрата и трем.[2] Неодамна откриената мермерна плоча од 1918 година — напишана на македонски јазик со кирилско писмо — сведочи дека камбанаријата ја подариле браќата Костадин и Стојче Димоски.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со мала многуаголна апсида на источната страна над која има полукружна фреска. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажано Рождеството на Пресвета Богородица. Ниша со фреска на Богородица со Исус има и на јужниот ѕид. Кон дел од јужната страна бил дограден помошен објект, а на неговиот јужен крај се издига камбанаријата. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по една монофора.
Дворот на црквата е ограден со ограда од бетонски тули и во него се сместени селските гробишта.
Живопис
[уреди | уреди извор]Црквата е живописана во сите нејзини делови. Живописот во наосот се состои од два слоја кои потекнуваат од XVII и XIX век, додека во припратата се среќава живопис од XVII, XVIII и XIX век.[2] Фрескописот бил изработен од околни зографи, кој се истакнува со своите уметнички дострели, а исто така во црквата има и ретки дрвени икони од почетокот на XIX век. Иконите на Исус Христос, на апостолите и на Богородица ја потврдуваат големата уметничка вредност, a фрескописот го отсликува Исусовиот пат од неговото создавање, страдање па сè до распетието и неговото воскреснување.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Северната и источната страна
- Западната страна
- Влезната врата
- Апсидата
- Јужната страна
- Нишата на јужната страна
- Фрескоживописот во внатрешноста (XVII век)
- Натпис над фрескоживописот во внатрешноста (XVII век)
- Фрескоживописот над влезната врата (XIX век)
- Стари дрвени икони во црквата
- Детал од фрескоживописот во внатрешноста (XVII-XVIII век)
- Поглед на иконостасот и фрескоживописот на северниот ѕид
- Поглед на иконостасот и фрескоживописот на јужниот ѕид
- Иконостасот во внатрешноста на црквата
- Фрескоживописот во внатрешноста (XVII-XVIII век)
- Фрескоживописот во внатрешноста (XVIII век)
- Влезната порта од дворот на црквата
- Помошниот објект со камбанаријата
- Камбанаријата
- Селските гробишта
- Гробови во дворот на црквата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 „Црква „Света Богородица“, село Костинци“. OldPrilep. 25 февруари 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Костинци на Ризницата ?
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Преспанско-пелагониската епархија
- Цркви во Прилепското архијерејско намесништво
- Долненско-секиречка парохија
- Цркви во Општина Долнени
- Костинци
- Културно наследство на Македонија во Општина Долнени
- Храмови посветени на Раѓањето на Пресвета Богородица во Македонија



