Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Дренок
Рождество на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Струшко |
| Парохија | Втора струшка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°23′35.1″N 20°33′45.8″E / 41.393083°N 20.562722°E |
| Место | Дренок |
| Општина | Струга |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Рождество на Пресвета Богородица |
| Архитектонски опис | |
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Дренок. Сместена е во крајниот североисточен дел на селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Во септември 2013 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени околу 2.000 денари и еден позлатен крст.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источниот ѕид. Главниот влез е сместен на западната страна, додека на јужната страна има спореден влез. Непосредно пред главниот влез се издига камбанаријата која е прилепена до западниот ѕид на црквата. Таа има квадратна основа и на секоја од трите отворени страни има по три прозорци. Првите два прозорци се квадратни и застаклени, додека највисоките се залачени и затворени. Камбанаријата во целост е варосана во бела боја и е покриена со лимен кров. На јужниот и северниот ѕид има по три прозорци, од кои прозорецот кој е најблиску до западната страна на обата ѕида се наоѓа повисоко. Во средината на апсидата има мала монофора, а на источниот ѕид над апсидата окно. Објектот е изграден од варовник, а на рабовите се забележуваат камени тули. Црквата е покриена со лимен кров.
Во дворот на црквата се сместени трпезаријата и селските гробишта.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Камбанаријата со јужната страна на црквата
- Камбанаријата со западната страна на црквата
- Северната и западната страна на црквата
- Апсидата на црквата
- Гробови во дворот на црквата
- Надгробен споменик во облик на крст
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ограбена црквата Света Богородица во Дренок“. Канал 5. 20 септември 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Дренок на Ризницата ?


