Црква „Пресвета Богородица Перивлептос“ - Бер
Пресвета Богородица Перивлептос | |
---|---|
Παναγιά Περίβλεπτος | |
![]() | |
40°31′37.74″N 22°12′21.08″E / 40.5271500° СГШ; 22.2058556° ИГДКоординати: 40°31′37.74″N 22°12′21.08″E / 40.5271500° СГШ; 22.2058556° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архитектонски тип | трикорабна базилика |
Завршена | XV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Пресвета Богородица Перивлептос (грчки: Παναγιά Περίβλεπτος) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија, еден од најважните духовни споменици во градот. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Влегува во парохијата на „Големи Свети Бессребреници“.[2]
Црквата е подигната на краојт на XV век како трикорабна базилика со дрвен покрив и претставува прекрасен пример за византиската архитектура од периодот. Внатре се зачувани мал дел од првичните фрески од XV век, како и живопис од XVIII век — „Пресвета Богородица Перивлептос“, „Успение Богородично“, „Крштение Господово“ и „Слегување во адот“. Иконостасот е необичен по морфолофијата и претставувањето на Дванаесетте празници.[1]
Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Παναγιά Περίβλεπτος“. Discover Veria. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.